За 24 часа во цела држава 615 пријави за неносење маска за лице

Илустрација

Министерството за внатрешни работи претпладнево информираше дека во текот на изминатото деноноќие, на целата територија на Северна Македонија, санкционирани се 615 лица за прекршување на мерката за носење лична заштита на лице.

Министерството за внатрешни работи и денеска апелира граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид-19. Носењето заштитна маска за лице е задолжителна и на отворен јавен простор, а во сила е забраната и за групирање на повеќе од четири лица.