Во Скопските ковид центри за 24 часа примени 65 пациенти

Инфективна клиника, Скопје

Во изминатите 24 часа, во ковид центрите во Скопје, се хоспитализрани 65 нови пациенти поради компликации од корона вирусот, со што вкупниот број на лица сомнителни и потврдени за КОВИД-19 кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град достигна 459, соопшти Министерството за здравство.

Според соопштението, во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 20 приеми и тоа тројца пациенти биле хоспитализрани на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ, по шест во ковид центарот на Клниката за неврологија и на Клиниката за нефрологија, четворица болни се хоспитализрани на Клиниката за дерматовенерологија, а еден во новотворениот центар на Клиниката за очни болести. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 28 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника се примени 17 лица.

Во изминатите 24 часа од болниците се отпуштени 33 оздравени пациенти.