Угостителските тераси ќе работат како до сега, до нов протокол

Илустрација

Кафеанските тераси, кои поради ниските температури се затворени, ќе работат како и досега, се додека не се донесат нови протоколи од Комисијата за заразни болести, изјави денеска директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски.

„Државниот пазарен инспекторат како институција врши контролирање на спроведувањето и почитувањето на протоколите. Со досегашните протоколи, донесени од Комисијата за заразни болести, на терасите е дозволено да се врши угостителска дејност. Доколку се донесат нови протоколи, ќе се постапува по нив. Со сегашните протоколи дозволено е да работат и терасите онака како што работат досега“, рече Пауновски, прашан дали со новите мерки ќе биде забрането седење во затворените кафеански тераси во кои се пуши, а кои се без вентилација и дали овие делови од угостителски објектите се забранети за употреба, со оглед на тоа што во пракса, тие се затворени со пластични или стаклени ѕидови.

Во Протоколот за работа на угостителските објекти стои дека е дозволено да работаат отворените делови (терасите) од кафетериите, кои се отворени од три страни, со кровна конструкција.