Достапни линкови

Вести

Пендаровски: Сериозно е, сите корисни предлози ќе се прифатат

Претседателот Стево Пендаровски

Ситуацијата е исклучително сериозна, човечките и материјалните ресурски се искористени речиси до максимум. Во отсуство на вакцина или лек нема друга алтернатива, туку почитување на мерките, носење на заштитна маска, намалени дружби… Направето го тоа за себе и за своите најмили, изјави претседателот Стево Пандаровски, по денешниот состанок на Советот за безбедност.

Тој истакна дека сите корисни предлози во справување со Ковид-19 ќе бидат прифатени.

„Посебно сакам да нагласам дека ниту во Владата, ниту во Министерството за здравство, ниту во Комисијата за заразни болести, не е собран сиот ум, затоа секоја критика, издржан предлог, е добродојден. Сите корисни идеи и предлози да бидат прифатени“, рече Пендаровски.

Тој му оддаде признание на медицинскиот персонал кој се бори против ширењето на коронавирусот и учествува во третманот на заразените.

види ги сите денешни вести

Тајвански пратеници се гаѓаа со свински црева по кавга за увозот на свинско месо

Пратениците од Националистичката партија не му дозволија на претседателот Цаи Инг-вен да поднесе извештај и се судрија со политичките противници

Пратениците во тајванскиот Парламент денеска физички се пресметуваа и се гаѓаа со свински црева по кавга за новоусвоената политика што ќе овозможи увоз на свинско и говедско месо од САД, јави АП. Премиерот Су Ценг-Чанг требаше да поднесе извештај пред Парламентот кога пратениците од Националистичката партија КМТ, го блокираа неговиот обид за говор со фрлање свински остатоци.

Пратениците од владејачката Демократска напредна партија се обидоа да ги спречат, што резултираше со туркање и размена на удари.

Администрацијата на претседателот Цаи Инг-вен ја укина долгогодишната забрана за свинско и говедско месо од САД во август, што е еден од првите чекори за можен билатерален трговски договор со САД. Таа забрана треба официјално да биде укината во јануари, пренесува АП.

Обновен Националниот контакт центар за економски ковид мерки

Илустрација - Влада на Република Северна Македонија

На иницијатива на вицепремиерот Фатмир Битиќи, Владата донесе одлука за возобновување на Националниот контакт центар, на кој преку бесплатната телефонска линија 0800 00 207, граѓаните во директна комуникација со операторите, кои се професионалци од соодветните институции, ќе може да добијат информации за економските мерки кои ги носи Владата за справување со кризата предизвикана од коронавирусот (КОВИД-19), соопшти владината прес-служба.

Националниот контакт центар започна со полна оперативност од денес, а на повиците на граѓаните, секој работен ден од 08:00-16:00 часот, ќе одговараат лица вработени во Кабинетот на вицепремиерот за економски прашања, Министерството за финансии, Министерството за економија, Министерството за труд и социјална политика, Генералниот секретаријат на Владата, Управата за јавни приходи и Развојната банка на Република Северна Македонија.

Николовски: Одлуките на СДСМ и Владата се усогласени за се што кажа Заев

Зоран Заев и Љупчо Николовски

Вицепремиерот и генерален секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, денеска изјави дека се синхронизрани одлуките и на партијата и на Владата за се што изнел и дообјаснил премиерот Зоран Заев во неговото интервју за бугарската БГНЕС во однос на историјата, а коешто предизвика реакции.

„Имаше објаснувања од претседателот, тоа се ставови и на Владата на СДСМ, граѓаните избраа европска иднина, потребно е лидерство со заштита на сите наши особености, на македонскиот јазик, на македонскиот идентитет. Тоа првпат го добивме после долго време, првпат носиме храбри чекори и одлуки за признавање на нашиот јазик, храбри одлуки со кои државата стана членка на НАТО и го одиме овој европски пат. Така што, синхронизрани се одлуките и на партијата и на Владата во поглед на она што е изнесено и дообјасенто од страна на претседателот на Владата“, изјави денеска Николовски, одговарајќи на новинарски прашања по средбата со инспекторите од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Премиерот Заев, во завчерашното интервју за БГНЕС, рече дека „Бугарија не е фашизам и дека имаме заедничка историја со Бугарија“, што предизвика протести пред Владата и реакции во јавноста, меѓу кои и од основачот на СДСМ, Бранко Црвенковски, кој го замрзна членството во партијата се додека СДСМ не се огради од ставот на Заев. Од партијата експресно му одговорија дека кажаното од Заев во интервјуто е став и на партијата.

Русковска за Заев: Не е вештак да каже кој го организирал „27 април“

Обвинителката Вилма Русковска и премиерот Зоран Заев, како сведок, во судница за случајот „Организатори на 27 април“, 27 ноември 2020

Обвинителката Вилма Русковска, по денешното сведочење на премиерот Зоран Заев во случајот „Организатори на 27 април“, изјави дека тој е сведок, а не вештак за да дава мислење кои се организаторите на насилството во Собранието на 27 април 2017 година.

Премиерот Заев денеска во Судот, во својство на сведок на одбраната, рече дека, според неговите сознанија, ексспикерот Трајко Вељановски и бившите министри Спиро Ристовски и Миле Јанакиески, не се организатори на настаните во Парламентот од 27 април 2017 година, познати како „крвавиот четврток“, туку биле изманипулирани од Никола Груевски, кој според Заев, е организаторот.

„Премиерот беше викнат во својство на сведок, не на вешто лице да дава свое мислење. Не понуди никакви докази дека овие луѓе не се едни од организаторите. Апсолутно не се сложувам со изјавата дека биле изманипулирани. Обвинетите не се малолетни лица за да може кој било да ги изманипулира особено што долги години беа на една од највисоките функции во државата“, рече обвинителката Русковска.

Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски. Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

Од ЕУ и СЗО бараат да се зголеми бројот на тестирања за ХИВ

Илустрација

Агенцијата за контрола на болести на Европската унија (ЕУ) и Светската здравствена организација (СЗО) бараат повеќе тестирање за ХИВ, бидејќи многу заразени лица се дијагностицираат премногу доцна, особено во Источна Европа, Русија и Централна Азија. Доцната дијагноза на вирусот што предизвикува СИДА придонесува за постојан пренос на ХИВ, честопати неколку години, и спречува заразени лица да добијат третман за спасување живот.

Извештајот објавен на 26 ноември од страна на Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC) и СЗО покажа дека во 2019 година повеќе од 136.000 луѓе биле ново-дијагностицирани во европскиот регион на СЗО, во кој членуваат 53 земји. Околу 80 проценти од новите дијагнози биле во источниот регион на СЗО, кој ги вклучува Источна Европа, Русија и неколку земји во Централна Азија. Околу половина од дијагнозите се случија доцна во текот на инфекцијата, кога имунолошкиот систем веќе започна да не успева.

„Ова е знак дека стратегиите за тестирање во регионот не работат правилно за рано дијагностицирање на ХИВ“, се вели во заедничкото соопштение на здравствените агенции.

Иако не е познато како КОВИД-19 влијае на тестирањето за ХИВ, регионалниот директор на СЗО за Европа, Ханс Клуге предупреди да не се дозволи пандемијата „да ни ја одземе иднината без СИДА што е во наша моќ“.

АЕК бара студија за влијанието на 5G мрежата врз здравјето

Илустрација

Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) распиша меѓународен тендер за избор на компанија која ќе изработи научна студија „Влијанието на зрачењата од телекомуникациските уреди и технологии врз здравјето на луѓето и околината – животната средина која не опкружува (4Г, 5Г)”. Тендерот е објавен во Бирото за јавни набавки, а избраната компанија со која ќе биде склучен договор ќе има обврска во рок од шест месеци да ја изработи бараната студија која ќе биде и основа за понатамошните чекори кои ќе ги презема АЕК врзани за развој на безжичните телекомуникациски мрежи во земјава.

„Веројатно ниту една технолошка револуција не поминала без да предизвика страв кај одредена категорија луѓе. Иако, реално, 5Г за обичниот граѓанин ќе значи само надградба на 4Г мрежата којашто сега е во функција, сепак во АЕК постојано пристигнуваат поплаки кои се мотивирани од страв од новата генерација 5Г мрежи и барања да се отстранат антени за кои граѓаните сметаа дека се од новата генерација“, вели Сашо Димитријоски, директор на АЕК.

Тој вели дека со студијата ќе се добие документ каде точно ќе се знае што е во интерес на граѓаните и како стојат работите со 5Г мрежата.

„Денес веќе е дојдена ситуација дотаму што секој нов предавател се смета дека е антена за 5Г мрежа. Па дури имавме ситуација каде две антени без запалени, веројатно од оние кои веруваат во опасноста од 5Г мрежата, кои сметале дека станува збор за такви антени. Затоа и решивме да распишеме меѓународен тендер за избор на компанија која ќе направи сеопфатно истражување, мерење и анализа за влијанието на 5Г мрежата врз здравјето на граѓаните. Веруваме дека со неа ќе имаме документ каде точно ќе се знае што е во интерес на граѓаните и како стојат работите со 5Г мрежата“, вели Димитријоски.


Научната студија, како што е наведено во тендерската документација, треба да даде јасна слика за моменталната ситуација со влијанието на зрачењата од телекомуникациските алатки поткрепена со факти.

Протест во 7 градови: „Оставка на Заев, слобода на народот”

Фотографија од протестот пред Владата по интервјуто на премиерот Зоран Заев за БГНЕС, Скопје 26 ноември 2020

Под мотото „Оставка на Заев, слобода на народот”, денеска, во организација на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, ќе се организираат протести во Куманово, Тетово, Велес, Кавадарци, Прилеп, Охрид и Битола, како реакција на завчерашното интервју на премиерот Зоран Заев за бугарската агенција БГНЕС, во кое тој вели дека „Бугарија не е фашизам, дека Југославија ги делела Бугарија и Македонија и дека со Бугарија имаме заедничка историја“.

Сите седум протестни собири ќе почнат во 18 часот.

„Само со оставка на Зоран Заев, македонските граѓани ќе живеат подобро- стои во соопштението на опозицијата. ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите граѓани во одбрана на националните интереси“, стои во денешното партиско соопштение.

Вчера во Скопје беше организиран протест со автомобили од спортскиот центар „Борис Трајковски“ до Владата, каде говореше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

За 24 часа во Македонија 639 пријави за неносење заштитна маска

Илустрација

Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на целата Северна македонија, санкционирани се 639 лица за неносење лична заштитна маска на лице, информираше денеска Министерството за внатрешни работи (МВР.)

МВР апелира граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со пандемијата со Ковид-19.

Министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес-конференција рече дека пикот на пандемијата со Ковид-19 кај нас бил минатата недела и дека позитивна вест е дека бројот на ковид активни се стабилизира и дека радува фактот дека има повеќе оздравени. Според него, нема потреба од полициски час после 21 часот, бидејќи во тоа време не работат угостителските објекти и не е дозволено групирање на повеќе од четири лица на едно место, и дека поради тоа таков полициски час не би сменил ништо.

Заев: Вељаноски, Јанакиески и Ристовски не се организатори на „27 април“, туку Груевски

Архивска фотографија - Обвинетите Миле Јанакиески, Спиро Ристовски, Трајко Вељаноски и Владимир Атанасовски на првото рочиште од судењето за „27 април“

Настаните од 27 април оставија згрозувачки сеќавања за сите нас и се надеваме дека нема да се повтори. Како човек кој бев меѓу првите таргети од насилничката група со намера да одзема животи и да ликвидира. Логично мислам дека има организатори на тој настан. Но, како упатен и информиран како претседател на најголемото мнозинство не мислам дека главни организатори се Миле Јанакиески, спиро Ристовски и Трајко Вељановски, изјави денеска премиерот Зоран Заев, кој сведочеше во случајот „Организатори на 27 април“.

„Според мои сознанија овие луѓе се изманипулирани од главниот организатор Никола Груевски и според мене, како жртва должен да ја зборувам вистината не навлегувајќи во нивните чувства, не мислам дека се организатори туку дека се изманипулирани. Јас сум присутен сите тие 30 дена пред Собранието знам како тогашниот претседател го водеше Собранието знаејќи ги политичките констелации. Не е коректно за правниот систем да се води ваква постапка“, рече Заев во сведочењето на денешното рочиште.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е Вилма Русковска. Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.

Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

Димитров: Никој нема право нам Македонците да ни кажува за македонскиот јазик

Архивска фотографија - Бугарскиот премиер Бојко Борисов и македонскиот вицепремиер Никола Димитров во Давос

Прашањето на јазикот и на идентитетот е во срцето на внатрешните работи, на суверенитетот на една држава бидејќи е израз на правото на самоопределување, и во таа смисла, ниту еден сосед, ниту една држава нема било каква правна основа во меѓународното право, па и во европското право, нам, на Македонците да ни кажува нешто околу македонскиот јазик, вели македонскиот вицепремиер Никола Димитров во интервју за ТВ Н1, пренесе Македонската информативна агенција (МИА).

Според него, прашањето на јазикот и идентитетот е резултат на еден историски процес и „ние не можеме за тоа ниту да разговараме ниту да преговараме“.

Димитров во интервјуто додава дека и покрај последните случувања на релација Софија - Скопје, по бугарското вето за преговарачката рамка на Северна Македонија и Европската унија, напорите уште продолжуваат.

Тој вели дека Владата на Северна Македонија нема намера да дигне раце и да се откаже од европската иднина, ниту пак има намера да го допре или да дозволи да биде допрен македонскиот идентитет, пренесе МИА.

Полициски час по 21 часот нема да смени ништо, тврди Филипче

Венко Филипче

Од трендовите и од анализите на бројките може да се забележи дека епидемијата со Ковид-19 го достигна пикот пред една недела и од тогаш бројките се стабилизирани, на ниво се на едно плато и тоа ни укажува дека R0 факторот на преносливот е 1, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Тој потенцираше дека стабилизација се регистрира и кај нас, како и во Европа. Тој смета дека полициски час по 21 часот нема ништо да промени, бидејќи, како што рече, тогаш е прилично празно, не работат угостителските објекти и забрането е групирање на јавни простори.

„Позитивно е што бројот на активни случаи се стабилизира, нешто што исто така се регистрира и во Европа“, рече Филипче на денешната прес-конференција.

Тој апелираше граѓаните да разберат дека во оваа состојба вирусот сигурно ќе опстане и практично е многу широко распространет.

„За секој еден од нас е ризик, мерките мора да се почитуваат. Очигледно е дека даваат резултати. Го немаме веќе оној нагл пораст на број на пациенти, ниту огромниот притисок кон болниците како што беше пред неколку недели. Тој притисок се уште постои, но не со таков интензитет“, рече министерот.

Тој смета дека позитивна вест се информациите кои се однесуваат на процесите поврзани со вакцините против Ковид-19.

„Веќе има вакцини кои се во завршните фази. Очекуваме ковакс системот да профункционира кога ќе почне да ги даваат. Во координација сме во однос на системот на чување и дистрибуирање. Тоа е одлична вест која следната година веројатно ќе ја смени целокупната слика за пандемијата во светот и во таа насока ќе може да очекуваме и стабилизација“, изјави Филипче.

Премиерот Заев денеска сведок во „Организатори на 27 април“

Архивска фотографија - Повредениот Зоран Заев, 27 април 2017 година

Во Кривичниот суд денеска треба да продолжи судењето за организаторите на настаните во Собранието од 27 април 2017 година. По сведочењата на неколку поранешни пратеници и актуелни партиски функционери на минатите рочишта, денеска како сведок е повикан премиерот Зоран Заев.

Тој во насилствата во Собранието на 27 април пред три години беше еден од пратениците кои беа повредени по нападот врз нив од дел од граѓаните кои насилно упаднаа во Парламентот.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е Вилма Русковска. Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.

Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

Во Хрватска обвинети 18 лица за фалсификување документи за мафијаши од Србија и Црна Гора

илустрација

Хрватската канцеларија за сузбивање на корупцијата и организираниот криминал (УСКОК) поднесе обвинение против 18 лица, вклучително и вработени во полицијата, под сомнение дека добиле повеќе од 200 илјади евра за давање хрватски документи на мафијашки групи главно од Србија и Црна Гора. Станува збор за група која наводно била собрана од Нусрет Сеферовиќ, кој беше приведен со неколку соработници на крајот на ноември лани.

Визиите на младите за регионов и „слухот“ на политичарите

Истражителите се сомневаат дека членовите на групата незаконски прибавувале податоци од информативниот систем на полицијата за нивните клиенти и обезбедувале преминување на границата без контрола за најмалку 1.300 евра. За комплет хрватски документи - лична карта и пасош со нивна фотографија и туѓи податоци за идентификација, тие побарале најмалку по 3.500 евра, додека за возачки дозволи наводно зеле најмалку 2.500 евра. Ускок тврди дека групата им обезбедила на своите клиенти од Србија, Црна Гора и Словенија најмалку 41 лична карта и 41 пасош и најмалку 15 лажни возачки дозволи.

Грчката влада ја продолжи забраната воведена поради епидемијата за уште една недела

Атина

Грчката влада ја продолжи валидноста на ограничувања за ковид-19 за уште една недела, бидејќи продолжува ширењето на коронавирусот, особено на северот на таа земја. Владиниот портпарол Стелиос Пекас изјави дека ограничувањата и забраните, кои требаше да завршат на 30 ноември, се продолжени до 7 декември. Во Грција се затворени сите продавници за малопродажба, освен самопослугите, како и баровите, рестораните, музеите и местата за забава и спортски сали. Луѓето можат да ја напуштат куќата само за да одат на работа, на лекар, да ги направат потребните набавки и да вежбаат или да ги шетаат кучињата, но само откако тоа ќе го пријават на властите преку СМС или да ја донесат својата законски обврзувачка изјава за тоа каде одат. Сепак, нема ограничување колку пати на ден и колку долго можете да излегувате надвор.

Грците на протест побараа бесплатно здравство за сите

Полицискиот час е во сила и од 21 до 5 часот наутро, кога надвор можат да одат само луѓе кои треба да одат на работа, поради итни здравствени причини или да го шетаат кучето. Во Грција штрајкуваа вработените во јавниот сектор кои бараат помош за луѓе и пари за здравјето и јавниот сектор воопшто, и подобра заштита на работното место од коронавирусот. Штрајкот ги наруши јавниот превоз и услугите, а неколку стотици демонстранти демонстрираа во Атина и Солун, игнорирајќи ја забраната за собири. Грција бележи значително зголемување на бројот на случаи на коронавирус и смртни случаи од последиците од инфекцијата, што силно го оптоварува здравствениот систем на земјата, иако тоа е зајакнато со мобилизирање на дел од приватниот здравствен сектор.

Унгарија и Полска заеднички против ЕУ

Унгарскиот и полскиот премиер потпишаа заедничка декларација со која ветуваат дека ќе се поддржуваат едни со други во блокирањето на следниот буџет на Европската унија и нејзиниот огромен фонд за олеснување на пандемијата, заради предложениот механизам што го поврзува со усогласеноста со владеењето на правото. Виктор Орбан и Матеуш Моравиецки по нивниот вчерашен состанок во Будимпешта изјавија дека механизмот ризикува да ја блокира Унијата.

На самитот на ЕУ без решение на спорот со Полска и Унгарија околу буџетот

Во декларацијата двајцата премиери тврдат дека механизмот „применува нејасни дефиниции и двосмислени термини без јасни критериуми врз кои може да се засноваат санкциите“. И Унгарија и Полска се под истрага на ЕУ за нарушување на независноста на судството, медиумите и невладините организации и ризикуваат да изгубат пристап до десетици милијарди евра. „Ниту Полска ниту Унгарија нема да прифатат каков било предлог што ќе се смета за неприфатлив за другиот“, се вели во заедничката декларација. Минатата недела, двете земји ја блокираа поддршката за клучната одлука за начинот на финансирање на споделениот план за трошење на ЕУ од 2021-2027 година. Нивното вето веројатно значително ќе го одложи усвојувањето на планот на ЕУ од 1,8 трилиони евра.

Словенија заедно со Унгарија и Полска во блокирањето на планот за реконструкција

Несогласувањето со двете земји ги налути другите земји-членки на ЕУ кои сериозно чекаат исплати од стимулативниот пакет на 27-члениот блок за да им се помогне на економиите сериозно погодени од пандемијата. Решавањето на спорот е исто така во интерес на Полска и Унгарија, кои од Брисел би добиле некои од највисоките износи по глава на жител.

Бугарија од вечер со нови мерки против коронавирусот

илустрација

Мерките против епидемијата на коронавирусот што ги усвои бугарската влада ќе стапат на сила денеска вечер и ќе траат до 21 декември „Нашата цел е да го преполовиме ризикот од инфекција“, рече началникот на кризниот штаб Вентислав Мутачиски, додавајќи дека мерките во Бугарија се „полиберални отколку во другите земји“. Покрај затворањето на градинките, училиштата, колеџите, како и кафулињата, рестораните и трговските центри, ќе бидат забранети организирани туристички патувања, додека спортските настани ќе бидат без публика. Спортските сали ќе бидат затворени, додека театрите ќе работат со 30 проценти од капацитетот на салите. Продавниците за храна и самопослугите ќе останат отворени.

Бугарскиот парламент го отфрли предлогот за нов устав

Бугарија беше една од првите земји во Европа што воведе карантин во март, но се соочи со протести во текот на летото, владата досега ги намали мерките за носење само маска. „Ограничувањата сега се апсолутно неопходни за да се овозможи здравствениот систем да издржи сè понеиздржлив; притисок“, рече Мутачиски, додавајќи дека 2.000 здравствени работници биле заразени со вирусот корона. Во Бугарија, со околу седум милиони жители, 3.226 лица починаа од вирусот корона, од кои 150 во последните 24 часа.

Русија го обвини Западот за мешање во Белорусија

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и неговиот белоруски колега Владимер Макеј на прес-конференција по нивните разговори во Минск, 26 ноември 2020 година

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров го обвини Западот за мешање во Белорусија, Тој ова го изјавил на средбата во Минск со Александар Лукашенко, кој се соочува со повеќемесечни протести поради неговиот спорен реизбор. Илјадници демонстранти кои бараат оставка од Лукашенко излегуваат на улиците во Минск секој викенд од изборите на 9 август, на кои 66-годишниот Лукашенко, кој е на власт од 1994 година, вели дека го добил шестиот мандат на функцијата. Демонстрантите веруваат дека 38-годишната опозициска кандидатка Свјатлана Циханускаја, која го зазеде местото на нејзиниот сопруг во претседателската трка, е вистинскиот победник. Москва продолжи да го поддржува Лукашенко од почетокот на протестите, со неколку средби меѓу високи функционери од обете страни во последните месеци.

Илјадници Белоруси демонстрираа против Лукашенко, неколку стотици се уапсени

„Мудриот белоруски народ е во состојба да се среди без никакви надворешни поттикнувачки и наметливи понуди за несакана медијација“, рече Лавров. Лукашенко тврди дека западните земји ги организираат демонстрациите и прават заговор за да го отстранат. Лавров рече дека Западот „користи валкани методи на таканаречени револуции во боја, вклучително и манипулирање со јавното мислење, поддршка на силите што се отворено антивладини и промовирање на нивната радикализација“. Западните лидери одбија да ги признаат резултатите од изборите и ја фрлија својата поддршка зад Циханускаја, која ја напушти Белорусија во соседна Литванија поради безбедносни проблеми за неа и нејзиното семејство.

Десетици илјади обожаватели се простија од Марадона

Буенос Аирес

Десетици илјади обожаватели му оддадоа почит на Диего Марадона фудбалската икона на Аргентина пред тој да биде погребан во сцени кои на моменти преоѓаа во хаос. Телото беше пренесено од Каза Росада, претседателскиот дворец на земјата во срцето на Буенос Аирес, до гробиштата Џардин де Бела Виста, каде што беше погребан покрај неговите родители на церемонија на која присуствуваа само роднини и блиски пријатели. Навивачите ја поставија трасата на погребната поворка за да оддадат последна почит.

Фудбалската легенда Марадона почина од срцев удар

Марадона, генијалниот фудбалер кој ја водеше Аргентина до победата на Светското првенство во Мексико во 1986 година, почина на 25 ноември од срцев удар во близина на Буенос Аирес каде што се опоравуваше од операција на мозок пред неколку недели. По повеќе години проблеми со дрога и алкохол, Марадона неодамна се бореше со здравствени проблеми и на 3 ноември беше подложен на итна операција за субдурален хематом. Претседателот на Аргентина, Алберто Фернандез, објави тридневна национална жалост по смртта на легендата и нареди телото да лежи во државата во претседателската палата.

Турски суд изрече 500 доживотни пресуди затвор за обвинети во обидот за преврат

Истанбул

Турски суд изрече повеќе доживотни казни затвор за некои од речиси 500 лица на кои им се суди за обидот за воен удар во 2016 година. Новинската агенција Анадолија јави дека 25 пилоти на Ф-16 се осудени на доживотен затвор под строг режим, а четворица цивили т.н. имами од групата ФЕТО обвинети за пучот добија по 79 доживотни казни затвор. Судскиот процес, во кој се обвинети 475 лица, од кои 365 се во притвор, се однесува на настаните од ноќта на пучот во воздухопловната база Аканчи во Анкара. Базата беше во центарот на обидот за воен удар на 15 јули 2016 година, бидејќи пучистите воспоставија свој команден центар за координација на нападите. Четворицата „цивилни имами“ и војници се обвинети за кршење на уставот, обид за атентат врз претседателот и намерно убиство на десетици луѓе.

Технологијата и Турција стојат зад воената победа на Азербејџан во Нагорно Карабах


Според турските власти, групата ФЕТО на муслиманскиот проповедник Фетулах Ѓулен со седиште во САД стои зад обидот за државен удар. Во пучот загинаа повеќе од 250 лица, а околу 2.200 беа повредени. Движењето на Ѓулен е заведено како терористичка организација во Турција.

Трамп рече дека ќе ја напушти функцијата кога победата на Бајден ќе биде официјална

Претседателот на САД Доналд Трамп

Претседателот на САД Доналд Трамп рече дека ќе ја напушти Белата куќа доколку Изборниот колеџ ја официјализира победата на избраниот претседател Џо Бајден, иако вети дека ќе продолжи да се бори против изборните резултати. „Секако, ќе го направам тоа. И вие го знаете тоа“, рече Трамп на 26 ноември, на новинарско прашање во Белата куќа во врска со признавањето на резултатите од Изборниот колеџ.

Трамп помилува екс советник кој се изјасни виновен во истрагата за руското мешање во изборите


Некои републикански законодавци и претставници на Белата куќа претходно изјавија дека Трамп ќе ја напушти Белата куќа на 20 јануари доколку Изборниот колеџ ги потврди резултатите од изборите, но ова беше првпат претседателот да го каже тоа Доколку Изборниот колеџ ги формализира резултатите од изборите, тие ќе „направат грешка“, рече Трамп, додавајќи: „Ќе биде многу тешко да се признае“. Изборниот колеџ, кој го одредува победникот во Белата куќа, ќе се состане на 14 декември за да ја потврди победата на Бајден. Бајден доби 306 гласа наспроти 232 на Трамп во пребројувањето на гласовите на изборите од држава во држава.


Одобрена транзицијата во Белата куќа

Трамп инсистираше на тоа дека „многу работи“ ќе се случат се додека не се потврдат резултатите, бидејќи тврди дека „изборите биле измама“. Трамп не го призна својот пораз на изборите, но неговата администрација на 23 ноември официјално одобри транзиција, расчистувајќи му го патот на Бајден да добие разузнавачки брифинзи и да има пристап до средства, канцелариски простор и можност да се состане со сојузни претставници.

Захариева: блокирање на С. Македонија во ЕУ се додека има говор на омраза

Бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева.

Бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева денеска во интервју за Ефе изјави дека Бугарија ќе го блокира почетокот на преговорите на Република Северна Македонија со Европската Унија се додека не се стави крај на „говорот на омраза кон се што е бугарско“, јави БГНЕС. Според Захариева односите меѓу Бугарија и Северна Македонија треба да наликуваат на односите меѓу Шпанија и Латинска Америка. „Проблемот со историјата е што погрешните и лажни интерпретации на настаните, луѓето и случувањата имаат директно влијание врз актуелните случувања и тоа создава јазик на омраза и негативна кампања против Бугарија и Бугарите, нешто што е апсолутно недозволиво за нас“, вели таа.

Каракачанов му честита на Заев: Заедничката историја е бугарска историја


Захариева со обвинување до македонската политичка елита дека „ги минале изминатите 30 години од независноста од Југославија за да го стимулираат и толерираат тој јазик на омраза. „Бугарија никогаш не го одрекнувала правото на постоење на македонската држава, нејзиниот суверенитет и желбата да го нарекуваат јазикот, како што сакаат. Но сето тоа не треба да се случува со помош на лаги и со одрекување за тоа како е создадена нацијата“, додаде Захариева. Таа како пример ја наведува Латинска Америка. – Фактот дека Аргентинците и Чилеанците говорат на шпански јазик не ги прави помалку Аргентинци и Чилеанци. Фактот дека тие имале заедничка историја до еден момент не го намалува нивниот суверенитет денес. Напротив тоа ги зближува, смета Захариева.

Црвенковски го замрзнува членството во СДСМ додека партијата не се огради од ставот на Заев

Таа ги повтори критиките дека македонската страна не го почитува Договорот за добрососедство. Според неа, од влезот на земјава во НАТО, е забележано забавување на во сите области на соработка, од економијата, до инфраструктурата, образованието. Захариева рече и дека Бугарија стравува од македонските територијални претензии и тврдењата дека во Бугарија има македонски малцинство, што го изедначи со иредентизам. На прашањето дали европските партнери имаат разбирање на бугарската позиција, Захариева рече дека и Грција во минатото не била разбрана. Додаде дека бугарската позиција е во преговарачката рамка за Северна Македонија да бидат вклучени три посебни точки: формулација за официјалниот јазик на Северна Македонија, патоказ за реализирање на Договорот од 2017 година и откажување од страна на Скопје од претензиите за постоење на македонско малцинство во Бугарија.

Времето денеска: претежно сончево

Ќе биде претежно сончево, во утринските и претпладневните часови по одделни котлини со појава на магла. Дневната температура ќе биде од 12 до 17 степени. Во Скопје и околината слично време. Дневната температура ќе биде до 10 степени.

Нови 1160 случаи на коронавирус, 30 лица починале

илустрација

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2864 тестирања, а регистрирани се 1160 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-472, Куманово-58, Дебар-2, Штип-43, Прилеп-78, Тетово-61, Струга-29, Велес-32, Битола-87, Охрид-47, Кавадарци-32, Гостивар-22, Гевгелија-1, Струмица-39, Крива Паланка-6, Радовиш-2, Крушево-2, Кочани-15, Пробиштип-10, Демир Хисар-10, Македонски Брод -10, Пехчево-1, Берово-9, Валандово-5, Виница-2, Делчево-12, Кратово-2, Свети Николе-17, Кичево-26, Ресен-17, Неготино-11.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 1094 оздравени пациенти. Починати се 30 лица, сите во болнички услови.

1314 пациенти во инфективните оддели во Скопје, се отвора нов ковид центар

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 58608, бројката на оздравени пациенти е 36064, на починати е 1630, а бројот на активни случаи изнесува 20914.

ВМРО-ДПМНЕ на протест со автомобили

ВМРО -ДПМНЕ протест

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ вечерва одржува протест со автомобили, за, како што соопшти партијата, „заштита на националните црвени линии кои се последниот бедем на македонскиот идентитет“. Протестот што партијата го најави како „сенароден и надпартиски“, се одвива под мотото „Протест сега, за да не биде предоцна“.

Колоната автомобили тргна од пред Спортскиот центар Борис Трајковски и се упати кон Владата, каде треба да заврши протестот.

Во повикот за протестот од опозициската партија апелираа граѓаните да се спротивстават на, како што велат, „пазарџиската и анационална политика на Зоран Заев и владата кои се подготвени да ги распродат националните интереси на Македонија“.

Мицкоски: Заев ја негира антифашистичката борба на граѓаните

„Целта е достоинствено и мирно да го изразиме граѓанскиот револт за намерата на владата на Заев да тргува со јазикот, народот, идентитетот и историјата на Македонија“, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.

Франција побара од ЕУ санкции за Турција

Франција предлага по предупредувањето од октомври, Европската Унија следниот месец да воведе санкции против Турција. Париз наведува дека турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, не ги послушал предупредувањата на лидерите на ЕУ на 1 октомври, да се повлече од спорот за истражување гас во Медитеранот или да се соочи со последиците.

Франција не предложи детален план за санкции, но според дипломатите мерките ќе влијаат на турската економија, веројатно на бродската, банкарската и во енергетската сфера, пренесува „Ројтерс“.
Европскиот парламент се очекува денеска да побара санкции осудувајќи ја посетата на Ердоган на отцепените кипарски Турци на северот на Кипар на почетокот на овој месец.

Tурција продолжува со потрага по гас во спорниот дел на Средоземното Море

Франција е во конфликт со Турција и во врска со конфликтот во Нагорно-Карабах. Париз ја обвини Анкара за поттикнување на кризата на Кавказот. Турското Министерство за надворешни работи пак ја критикува ЕУ за дебатата за санкции велејќи дека таквата дискусија не е корисна.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG