И во Косово рекорден број заболени со ковид19

Косово- пацинет со ковид19 на лекување во клиника

Националниот институт за јавно здравство на Косово (ИКШПК) попладнево објави дека минатото деноноќие во земјата се потврдени 281 нов случај на заболени од Ковид-19, што претставува највисока бројка на новозаразени од коронавирусот од појавата на пандемијата, јави дописникот на МИА од Приштина.

Вкупно досега, според официјалните статистики на косовските здравствени власти, вирусот е откриен кај 18.626 лица тестирани со методот РТ-ПЦР.
Минатите 24 часа се регистирирани и 97 излекувани, со што бројката на пациенти кои ја совладале болеста достигна до 15.925.

Во текот на вчерашниот ден имаше и четири нови случаи на починати лица кои биле заболени од Ковид-19, со што бројката на жртви на епидемијата се искачи на 673. Активни носители на вирусот моментно во Косово се 2.658 лица. Жариште на епидемијата во Косово е главниот град Приштина.

Денеска рекорден број заболени пријавија и БиХ, Србија, Словенија, Хрватска и Бугарија.