Комисија за верски односи: Семејните слави само со семејството

Илустрација

Во пресрет на периодот во кој голем број семејства во државата ги чествуваат домашните православни празници, Комисијата за односи со верските заедници, денеска апелираше овие празнувања да бидат исклучиво во кругот на членовите на семејството.

„Ескалирањето на состојбата со коронавирусот е проследена со изразена локална трансмисија на вирусот, па секое непочитување на мерките за заштита од здравствените власти и секое собирање луѓе може да биде погубно. Секое семејство што одбележува домашен празник треба да ја препознае опасноста за јавното здравје, кое би ја предизвикало со повикување гости, но и секој добронамерен кон семејството што прославува годинава да се воздржи од физичко присуство“, се наведува во апелот.

Од Комисијата велат дека „традицијата не е загрозена, таа ќе опстои, но дека колективното здравје е под сериозна закана“.