Британија и ЕУ ги продолжуваат трговските разговори

Дејвид Фрост и Мишел Барние

Велика Британија и Европската унија ќе ги продолжат преговорите за трговски договор денеска попладне, изјави во средата главниот британски преговарач Дејвид Фрост по телефонскиот разговор со преговарачот на Унијата Мишел Барние. „Се согласивме дека основата за преговори со ЕУ е повторно воспоставена“, напиша Фрост на Твитер, прецизирајќи: „Интензивните разговори ќе се одвиваат секој ден од 22 октомври, во Лондон“.

Џонсон со обвинувања до ЕУ бара поддршка од Парламентот

Портпарол од кабинетот на премиерот Борис Џонсон во посебна изјава наведе дека нема гаранција за успех, но оти на Британија ѝ е јасно дека е најдобро да има договор.