ММФ: Не е доволно само одложување на долгови на сиромашните земји

Илустрација - Фотографија од седиштето на ММФ

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) побара од најразвиените земји во светот да преземат уште чекори со кои ќе го намалат притисокот врз сиромашните земји, кои имаат долгови кон нив, а поради пандемијата со Ковид-19 не се во можност да ги исполнат обврските.

Шефицата на ММФ, Кристалина Георгиева, ја поздрави одлуката на членките на Г-20 да ја продолжат суспензијата за отплата на долговите во билатералните договори за нови шест месеци како помош за сиромашните земји во услови на пандемија, но посочи дека е потребно уште поенергично дејствување.

„Купуваме малку време, но мора да се соочиме со реалноста дека е потребна многу порешителна акција“, рече Георгиева на состанокот на Групата 30 поранешни политичари и економски експерти и предупреди дека во 2021 година глобалниот долг ќе достигне 100 проценти од БДП.