Курц: ситуацијата со коронавирусот во Австрија е сериозна

Австрискиот канцелар Себастијан Курц

Австрискиот канцелар Себастијан Курц ги повика граѓаните да ги ограничат контактите и да носат заштитни маски поради големиот број нови инфекции со коронавирус, со цел да се спречи ширењето на вирусот и да се избегне карантин. „Сите мора повторно да спречиме целосно запирање на јавниот живот - со ограничување на контактите, откажување од големи приватни состаноци и забави“, рече канцеларот во видео пораката, објавена на Фејсбук. Курц ги предупреди граѓаните да се подготват на „исклучително тешки времиња“, со ограничувања, итни мерки и откажувања.

Проблеми во потрагата по вакцина против ковид-19

Тој рече дека вакцината ќе биде достапна следното лето и со тоа се ќе се врати во нормала. Курц исто така го спомна очигледниот „замор“ од коронавирусот, кој предизвикува сè повеќе теории на заговор, сè до повикувањето на луѓето да ги игнорираат мерките. Тој рече дека од 1.000 до 1.500 новоинфицирани лица на ден не е проблем за интензивна нега во моментот, но додаде дека бројот на инфекции расте, и оти може да се удвои за три недели, доколку сегашната состојба не запре.