Заев - Пописот беше одложен по барање на опозицијата

Архива - премиерот на С.Македонија Зоран Заев.

Пописот во земјата ќе биде спроведен во април 2021 година, изјави денеска македонскиот премиер Зоран Заев.

Неговата изјава доаѓа во услови кога државата последен пат оваа статистичка операција ја спроведе пред скоро 20 години.

Заев вели дека пописот и неговите резултати „никако не влијаат на Уставот, на Рамковниот договор или слично“, а дека секој граѓанин има одговорност да излезе на попис.

„Пописот треба да се спроведе заради рамномерниот развој, економските параметри, статистикте кои ни требаат во државата. Има правила Евростат и треба да ги почитуваме до крај. Април 2021 е месецот за спроведување на пописот“, напиша Заев на социјалната мрежа Фејсбук.

Тој додаде дека пописот го одложиле бидејќи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и опозицијата барале да биде одложен неколку месеци поради пандемијата на Ковид-19.

Во 2002 година е последениот попис спреоведен во Македонија по нејзиното осамостојување.

Пописот се подготвува неколку години пред неговото спроведување на терен, а податоците се обработуваат подолг временски период по нивното прибирање, според Државниот завод за статистика.

Во 2011 година државата започна со попишување на населението, но процесот беше прекинат.

За стопирањето на пописот во 2011 година поранешното СЈО отоври предмет „Попис“, кој потоа го презема ОЈО за организаран криминал и корупција.

Како што беше наведено од страна на СЈО, случајот е против поранешниот премиер Никола Груевски и неговиот коалициски партенер Али Ахмети, бидејќи со стопирањето на пописот организиран од Владата предводена од нивните партии ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ нанеле штета на Буџетот во висина од 2,8 милиони евра.