13 години затвор за лидерот на грчката Златна зора

Николаос Михалолиакос

Лидерот на грчката партија Златна зора, Николаос Михалолиакос, доби 13 години затвор, Јоргос Рупакис доби доживотна затворска казна за убиството на раперот и антираситистички активист Павлов Фисас во 2013 година, како и плус 10 години затвор за поседување и користење оружје, пренесе АФП.

Ова се дел од пресудите изречени денеска во судскиот процес против Златна зора која пред неколку дена Судот ја прогласи за криминална организација. Процесот, по пет години судење, е пред самиот крај. Екстремно десничарската партија Златна Зора (Хриси Авги) веќе десетина години е еден еден од сериозните фактори на политичката сцена во Грција и беше присутна и во парламентот во некои мандати.

Меѓу 68-те обвинети во судскиот процес се и 18 поранешни пратеници од партијата. Судот разгледуваше четири проблеми презентирани во една тужба: фаталното прободување на грчкиот рап-пејач Павлос Фисас со нож, напади врз рибари-мигранти, напади врз левичарски активисти и дали Златна Зора функционира како криминална организација.