Џонсон и Фон дер Лајен денеска ќе разговараат за Брегзитот

Премиерот на Британија, Борис Џонсон, во кабинетот на 15 јуни 2020 година, за време на видео-конференција со лидерите на ЕУ.

Британскиот премиер Борис Џонсон и шефот на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ќе разговараат за напредокот на преговорите за Брегзит денеска попладне, соопшти кабинетот на Џонсон.
„Тие се согласија да останат во контакт со напредокот во преговорите кога разговараа претходно овој месец“, се наведува во соопштението од Даунинг стрит.


Џонсон со обвинувања до ЕУ бара поддршка од Парламентот

Претходно беше соопштено дека Европската унија има „сериозна загриженост“ во врска со спроведувањето на договорот за повлекување од Унијата од страна на Британија, но смета дека се уште е можен договор за идните односи. Најавено е дека следната недела ќе има уште еден состанок ЕУ- Британија за спроведување на договорот. Склучувањето нов трговски договор што ќе треба да биде до крајот на транзицискиот период на 31 декември, како што е оценето е во Брисел, е „многу тешко, но сепак можно“.