Состанок на Г20 за мерките за глобално економско закрепнување

илустрација, Самит на Г20 во Аргентина, 2018.

Министрите за финансии на Г-20 и гувернерите на централните банки на земјите-членки на оваа група денеска ќе одржат виртуелен состанок под саудиското претседателство за да разговараат за тоа како да се поддржи брзото и одржливо глобално економско закрепнување.

ОН: Богатите да им помогнат на сиромашните земји во борбата со Ковид-19

На состанокот ќе се разговара и за ажурирањата на акциониот план на Г20 за поддршка на глобалната економија за време на пандемијата на коронавирусот, како и напредокот направен во иницијативата Г20 за суспендирање на исплатата на услугите на долгови и предлогот истиот да се продолжи до 2021 година.