Владејачкиот СДСМ бара да се овозможи само пратениците кои имаат решение за изолација да се вклучат онлајн на собраниските седници и да можат да гласаат. Координаторот на пратеничката група на социјал-демократите, Јован Митрески, денеска рече дека очекуваат овие измени на Деловникот да се донесат со консензус.
Тој вели дека мнозинството не планира на сила да го донесе овој закон и дека ќе остават време на опозицијата да го прифати нивниот предлог.
- Милошоски против онлајн Собрание, вели не е етички
- Заев: Владата ќе почне да работи онлајн, очекувам тоа да го стори и Парламентот
Неговата изјава досѓа по статусот на социјалните мрежи на пратеникот од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, кој наспроти вчерашната изјава на премиерот Зоран Заев, дека очекува и парламентот да почне со онлајн седници, рече дека е неетички пратениците да работат онлајн, а градежниците, медицинскиот персонал, продавачите, возачите, наставниците... да присуствуваат физички на своите работни места.