За 24 часа 869 прекршоци за неносење маска на лице

Илустрација

Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 869 прекршоци, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).

МВР и денеска апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид-19. Минатата недела Владата донесе одлуки за нови поостри мерки а борба со Ковид-19, а најави и поголемо заострување на рестрикциите доколку не се почитуваат мерките и протоколите.