„Вашингтон пост“ го поддржа Бајден на претседателските избори

Џо Бајден

Престижниот американски дневен весник „Вашингтон пост“ објави дека го поддржува демократскиот кандидат Џо Бајден на изборите на 3 ноември против Доналд Трамп, кој весникот го карактеризираше како „најлошиот претседател во модерната ера“. Во уводниот коментар, весникот проценува дека Бајден, поранешен потпретседател на Соединетите држави, на возраст од 77 години, е „исклучително квалитетен во однос на темпераментот и искуството да се соочи со колосални предизвици“ во следните четири години. Во 2016 година, Вашингтон пост изрази поддршка за демократската кандидатка Хилари Клинтон против Доналд Трамп.

ФБИ: Русија многу активно се обидува да влијае врз изборите во САД

Четири години подоцна, републиканскиот милијардер се кандидира за уште еден мандат на раскрсницата на неколку историски кризи - пандемијата со ковид-19, во која во САД починаа повеќе од 200.000 луѓе и силно ја погоди економијата и големиот гнев против расизмот и полициската бруталност. Весникот наведува дека „авторитаризмот е во пораст и дека „планетата е во опасност поради климатските промени“ и додава дека Доналд Трамп „ги создаде, засили или ги игнорира сите тие кризи“. „Со цел да се собори најлошиот претседател на модерното време, многу гласачи би можеле да бидат подготвени да гласаат за секого“, признава „Вашингтон пост“, оценувајќи дека изборите се пред се референдум за 74-годишниот Доналд Трамп.

Вудворд: Трамп ја криеше од нацијата вистината за Ковид-19

Весникот, во сопственост на мултимилијардерот Џеф Безос, вели дека Бајден ќе биде во подобра состојба да ги позиционира САД. Неколку големи весници како „Чикаго трибјун“ и „Лос Анџелес тајмс“ го поддржаа Бајден, но „Њујорк тајмс“ сè уште не даде коментар.