Достапни линкови

ФБИ: Русија многу активно се обидува да влијае врз изборите во САД


Директорот на ФБИ Кристофер Вреј

Директорот на ФБИ Кристофер Вреј им рече на американските конгресмени дека Русија продолжува да се обидува да влијае врз изборите во САД и дека нејзината примарна цел е да го „оцрни“ кандидатот за претседател на Демократската партија Џо Бајден. Вреј за време на сведочењето пред Комитетот за домашна безбедност на Претставничкиот дом рече дека Русија стои зад „малигното странско влијание“ кое има за цел да ѝ наштети на кампањата на Бајден преку социјалните медиуми, државните медиуми и онлајн списанија. Москва исто така ги користи овие платформи во обидите да го поткопа она што го смета за антируски американски естаблишмент, рече Вреј.

Вашингтон предупредува за „активни закани“ за изборите во 2020 година

Директорот на ФБИ додаде дека неговата најголема грижа е дека „постојаното тропање со дезинформации“ ќе доведе до губење на довербата во резултатот од претседателските избори на 3 ноември меѓу Бајден и актуелниот претседател и кандидат на на Републиканската партија Доналд Трамп. Сведочењето на Вреј доаѓа во моментот кога Белата куќа ги минимизира извештаите дека Русија се обидува да му помогне на Трамп да победи во реизборот.

XS
SM
MD
LG