ВМРО-ДПМНЕ: Јанкулоска е жртва на политички прогон

Горднана Јанкулоска на Суд за предметот Таргет-Тврдина

Гордана Јанкулоска е жртва на неправдите и политичкиот прогон на мафијата на Заев се вели во соопштението на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Во него е наведено дека Јанкулоска оди во затвор за автомобил кој го вози и користи Зоран Заев и како што се вели, „неговата мафија,“ а во исто време кога истата таа власт троши над 8 милиони евра за купување на нови службени возила. ВМРО-ДПМНЕ смета дека спроведувањето на Јанкулоска во Заев е политичка пресметка.

„ Додека власта се осветува кон мајка, сопруга и професионалец кој со години и служел на државата, се уште нема ниту збор за тоа каде завршувале парите од Рекетот на Зоран Заев, потоа амнестија на очигледен поткуп на Заев, евро за Вицето евро за црквата, имаме целосен молк за поткупот на екс директорот на ФЗО Ден Дончев, обвинителството молчи за панамските пари и зделките со Заев за 2000 стана во Тетово, се молчи за измамата на штедачи на Еуростандард банка и редица други скандали кои се случуваат на дневно ниво“ пишува во соопштението.

Јанкулоска спроведена во затворот Идризово на издржување казна од 4 години

Јанкулоска денеска е спроведена со полиција по судски налог во Идризово за издржување на казна затвор, потврдуваат за РСЕ од МВР. Таа е осудена правосилно на 4 години затвор за незаконската набавка на мерцедесот од речиси 600 илјади евра за Никола Груевски.