Германската полиција се подготвува за протести против мерките за ковид-19

Протести во Берлин, 29 август, 2020.

Полицијата во германскиот град Дизелдорф се подготвува да распореди многу полицајци на протестите кои се закажани за подоцна денеска, на кои треба да протестираат критичарите на мерките наметнати за контрола на ширењето на коронавирусот.

Протестот во Дизелдорф е во организација на регионалната група Кверденкен, која организираше големи протести во Берлин. Организаторите велат дека очекуваат дури 50 илјади учесници. Полицијата се подготвува за најмногу 10 илјади лица.

Се очекува да има и неколку контра протести.

Учесниците на протестите не мора да носат маски, но мораат да одржуваат минимално физичко растојание од 1,5 метар едни од други, согласно подзаконските акти на покраината Северна Рајна-Вестфалија.