Достапни линкови

Меркел: Пандемијата може да се влоши во наредните месеци


Германската канцеларка Ангела Меркел ги повика граѓаните да не се откажуваат од основните мерки за заштита од коронавирусот и предупреди дека пандемијата може да се влоши во наредните неколку месеци и дека животот нема да се врати во нормала се додека не се развие вакцина против вирусот.

„ Ова е сериозна работа, посериозно до сега не било, и мора да ја сфатите сериозно. Ќе мораме да продолжиме да живееме со овој вирус, “ изјави Меркел откако многу европски земји забележаа раст на новозаболени во изминативе неколку недели.

Таа истакна дека животот не може да продолжи нормално се додека не се пронајде вакцина, а Германија во меѓувреме преговара со неколку фармацевтски компании за да обезбеди таква вакцина.

Меркел: Не патувајте во корона ризичните земји

Во изминатава недела Европската комисија обезбеди најмалку 300 милиони дози од потеницијалната вакцина на британската фармацевтска компанија АстраЗенека.

Американскиот претседател Доналд Трамп вети дека „ ќе ја уништи “ пандемијата со помош на вакцина до крајот на годинава.

„ Ние ќе ги победиме вирусот и пандемијата и ќе искочиме посилни од кога било до сега. Ние ќе имаме безбедна и ефикасна вакцина оваа година и заедно ќе го уништиме вирусот “ изјави Трамп вчера без да престави некаков план за тоа.

САД забележа најголем број на смртни случаи на пациенти заболени од ковид-19, вкупно 180 857 починати. Потоа следува Бразил со 118 649, па Мексико со 62 594 починати и Индија со 61 529 и Британија со 41 477 жртви. Пандемијата ширум светот уби 838 илјади луѓе. Од почетокот на пандемијата до сега се заболени вкупно 25 милиони луѓе во светот, иако се верува дека вистинските бројки се повисоки.

XS
SM
MD
LG