Ураганот Сали предизвика големи поплави во југоисточниот дел на САД

Ураганот Сали ги погоди бреговите на американските сојузни држави Алабама и Флорида

Ураганот Сали ги погоди бреговите на американските сојузни држави Алабама и Флорида и предизвика големи поплави и масовни прекини на електричната енергија, објавија американските власти. Националниот центар за урагани изјави дека во некои области на американскиот брег на Мексиканскиот залив, паднале најмалку 45 сантиметри дожд во изминатите 24 часа и дека се очекуваат нови врнежи во текот на денот.

Во САД расте бројот на загинати од ураганот Лаура

Ураганот Сали ослабна во категоријата тропска бура, но дождовите и поплавите сепак претставуваат закана. Сали го погоди брегот во Алабама како ураган од втората од петте категории, со ветрови од 165 километри на час што може да предизвикаат огромна штета. Повеќе од 500.000 домови и продавници во Алабама и Флорида останаа без електрична енергија. Пристаништата, училиштата и продавниците беа затворени долж погодениот брег на САД.