Достапни линкови

Во САД расте бројот на загинати од ураганот Лаура


Штети предизвикани од ураганот Лаура во американската држава Луизијана.

Бројот на загинати во ураганот Лаура, кој ги зафати американските држави Луизијана и Тексас, се зголеми на најмалку 14 лица, додека неколку илјади луѓе останаа без електрична енергија и питка вода, јавува Ројтерс.

Еден ден откако помина ураганот од четврта категорија, пронајдени се тела на нови жртви од невремето во Луизијана и соседниот Тексас.

Меѓу загинатите се пет лица кои настрадале при пад на стебло и едно лице загинало откако се удавило во чамец.

Осум лица загинале од труење од јаглерод моноксид поради нестручно управување со агрегати, додека четири лица се во тешка состојба.

Повеќе илјади луѓе го послушаа предупредувањето на властите и го напуштија брегот на Мексиканскиот залив.

Белата куќа најави дека денеска претседателот на САД Доналд Трамп ќе го посети загрозениот регион.

По проаѓањето на ураганот повеќе од 600.000 домаќинства и фирми се без струја во Луизијана, Тексас и Арканзас.

Според податоците на Министерството за здравство на Луизијана, повеќе од 220.000 луѓе немаат вода за пиење. Поправките на водоводот и каблите за напојување ќе траат неколку седмици.

Гувернерот на Луизијана Џон Бел Едвардс го нарече ураганот Лаура, од кој ударите на ветерот достигнаа 241 километар на час, најсилниот ураган кој ја погодил државата, што значи дека јго надминал и Катрина кој беше ураган од трета категорија во 2005 година.

XS
SM
MD
LG