Јошихиде Суга е новиот јапонски премиер

Јошихиде Суга е нов премиер на Јапонија и нов претседател на владејачката Либерално-демократска партија

Јапонскиот Парламент го избра новиот претседател на владејачката Либерално-демократска партија, Јошихиде Суга, за нов премиер на државата, откако неговиот претходник Шинзо Абе се повлече од премиерската функција поради здравствени причини.

Неговата кандидатура беше поддржана од мнозинството пратеници во Долниот дом на Парламентот, кој според уставот има решавачки збор при изборот на нов премиер.

За изборот на 71-годишниот Суга гласаа 314 пратеници од вкупно 462 во Долниот дом. Суга исто така доби поддршка и од мнозинство во Горниот дом.