Достапни линкови

Јапонскиот премиер си поднесе оставка


Јапонскиот премиер Шинзо Абе

Јапонскиот премиер Шинзо Абе денеска соопшти дека ќе се повлече од премиерската функција поради влошена здравствена состојба. Тој, како премиер со најдолг стаж на прес конференцијата истакна дека чувствувал голем замор во изминативе два месеци и му била дијагностицирана цревна болест, улцерозен колитис. Абе во своето обраќање до јавноста се извини за тоа што не можел повеќе да ги извршува премиерските должности.

„ Сосема случајно е сето ова, што морам да ја напуштам должноста пред да ги исполнам моите цели“ изјави Абе.

Тој додаде дека не зависи од него кој ќе биде неговиот заменик, односно дека таа одлука ќе ја остави на членовите на неговата партија Либерално демократска партија.

Веста за оставката на Абе влијаеше на берзанскиот пазар во Јапонија кој што во изминатиов период страда од рецесија. За прв пат на премиерското столче седна во 2007 година, по што наредната година се повлече токму поради истата дијагноза- улцеративен колитис. Во 2012 година кога повторно се врати на функција во јавноста истакна дека конечно болеста му е ставана под контрола.

XS
SM
MD
LG