За 24 часа регистрирани 600 прекршоци за неносење маска за лице

Илустрација

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија регистрирани се 600 прекршоци за неносење лична заштита на лице, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи (МВР).

Казната за неносење лична заштита за лице според пропишаните протоколи изнесува 20 евра.

МВР и денеска апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19.