Нема град без активни позитивни случаи со Ковид-19

Ковид-19

Во земјава нема град без активни случаи на заболени од ковид-19 покажуваат последните податоците на Институтот за јавно здравје. Вкупниот број на активни случаи во моментов е 2.208, од кои и натаму најголемиот дел од нив се во Скопје каде што бројката на активни случаи изнесува 755, по што следуваат Куманово со 277, па Гостивар 146, Прилеп 143, Тетово 121 и Штип 111. Во другите градови се бројат под 100 случаи, а најмалку има во Крушево и Ресен по еден, и во Валандово двајца.

Нови 109 случаи со ковид-19, тројца починати, 89 оздравени пациенти

Во болниците моментално се лекуваат 295 пациенти, од кои 43 се на кислородна поддршка, а по подолго време нема пациенти на механичка вентилација. Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 14.871, оздравени се 12.054, а починати 609.