Достапни линкови

Нови 109 случаи со ковид-19, тројца починати, 89 оздравени пациенти


Во последните 24 часа се направени 1.486 тестирања, а регистрирани се 109 нови случаи со ковид-19, соопшти Министерството за здравство.

Најмногу нови случаи има во главниот град Скопје-40. Во Прилеп има 12, во Куманово-10, седум во Охрид, по шест во Тетово и Битола, Струга и Кичево по четири нови случаи, по тројца новозаразени во Штип и Кавадарци, по двајца во Гостивар, Струмица, Крива Паланка, Виница, и по еден во Пробиштип, Пехчево, Делчево, Свети Николе, Ресен и Неготино.

Починати се тројца пациенти од кои еден од Кичево (64 г.), еден од Скопје (61 г.) и еден од Македонски Брод (70 г.). Сите се починати во болнички услови.

За 24 часа регистрирани 473 прекршоци за неносење маска

Институтот за јавно здравје регистрира 89 оздравени пациенти. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14.871, бројката на оздравени пациенти е 12.054, на починати е 609, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.208.

XS
SM
MD
LG