Заев им даде мандатни писма на министрите

Pремиерот Зоран Заев и министерката за образование и наука Мила Царовска. На денешна владина седница Заев им врачи мандатни писма на сите министри во Владата.

Мандатни писма со утврдена мисија и задачи за новиот четиригодишен мандат денеска им додели премиерот Зоран Заев на министрите на новата Влада, повикувајќи ги да вложат максимални напори и ефикасно да работат, соопшти Владата. Опозицијата ваквиот потег го нарече „театар и гол популизам.“

Заев порача дека министрите треба да го слушаат гласот на народот и да им служат на сите граѓани.

„Имаме обврска да ги исполниме очекувањата на сите граѓани, а овие мандатни писма се оден доказ ,нешто што постојано ќе нѐ потсетува на она на кое сме се обврзале“, рекол Заев во обаќањето пред владините претставници.

Собранието ја избра новата Влада

Новата Влада беше формирана минатата недела, откако 62 пратеници од владејачкото мнозинство во Парламентот гласаше за предложениот владин состав и за програмата која ја презентираше лидерот на СДСМ и мандатар Зоран Заев, откако на парламентарните избори на 15 јули неговата партија победи со освоени 46 пратенички места. СДСМ постизборно влезе во коалиција со ДУИ која освои 15 мандати и ДПА која освои еден пратеник.

Генералниот секретар на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев денеска преку соопштение наведе дека Заев „наместо да дава мандатни писма, народот на Заев му дава мандатно писмо“ со повеќе барања.

Јанушев меѓу другото наведува дека Заев треба да врати на работа 40 илајди граѓни кои загубле работни места поради ковид кризата, да им помогне на лозарите, да се врати старата цена на струјата, да се намали цената на горивата, да има правда за сите во државата...

Јанушев вели дека Заев токму ова мандатно писмо „мора итно и неодложно“ да го спроведе и дека во спротивно „народот го бара мандатот назад.“

Ова беше втора седница на Владата по нејзиното формирање на 30 август.

Заев пред министрите на денешната седница рекол дека гласот на секој граѓанин е глас за справување со здравствено-економската криза, за добро платени работни места, за правна држава, чиста животна средина, според владиното соопштение.