Брнс - Османи: Го засилуваме стратешкото партнерство

Министерот за надворешни работи Бујар Османи и американската амбасадорка Кејт Мери Брнс

Остануваме посветени на продлабочување на стратешкото партнерство меѓу САД и Северна Македонија, како еден од главните приоритети на нашата надворешна политика, сега веќе проширено и со партнерството во северноатлантската алијанса, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи на средбата со амбасадорката на САД, Кејт Мари Брнс, информираше Владата.

Амбасадорката Брнс му го честиташе на министерот Османи преземањето на новата должност и му посака успех во работата, реафирмирајќи ја притоа силната поддршка на американската влада за продолжување на нашата реформска агенда посочувајќи и на стратегиското партнерство меѓу двете земји, дополнително зацврстено и преку сојузништвото во рамките на НАТО Алијансата.