Достапни линкови

Брнс до новата Влада: Како партнери, очекуваме соработка


Архивска фотографија - Амбасадорката на САД, Кејт Мери Брнс, пред згрдата на Владата на Република Северна Македонија

Американската амбасадорка во Северна Македонија, Кејт Мари Брнс, со објава на Твитер, го поздрави формирањето на новата Влада и им честиташе на премиерот Зоран Заев и на парламентарното мнозинство.

Собранието, по два дена расправа, со 62 гласа „за“, 51 „против“ и без воздржани, синоќа ја избра новата Влада на Северна Македонија. По гласањето, пратениците на опозицијата ја напуштија собраниската сала и не присуствуваат на давањето заклетва и на потпишувањето на свечените изјави.

„Честитки до премиерот Зоран Заев и до парламентарното мнозинство за формирањето на новата влада. Како пријатели и партнери, очекуваме соработка со владата за натамошен континуиран напредок во однос на реформските цели за ЕУ и одлучна заложба за владеење на правото“, напиша амбасадорката Брнс на Твитер.

XS
SM
MD
LG