СЗО: Прераното олабавување на мерките е рецепт за катастрофа

Генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Адханом Гебрејсус

Рестриктивните мерки не треба да се ублажуваат прерано, предупреди денеска Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Адханом Гебрејсус, јави АП. Тој посочи дека тоа е, како што рече, „рецепт за катастрофа“.

Според последните податоци, во светот од новиот коронавирус досега се заразиле вкупно 25.490.828 лица. Од нив починале 852.192, а оздравеле 17.796.649 луѓе.

Генералниот директор на СЗО, на брифинг во Женева, рече дека ако земјите се сериозни во однос на ублажувањето на мерките, тогаш тие исто така мора да бидат сериозни во борбата против ширењето на инфекцијата и спасувањето на животите на луѓето. Според него, постигнувањето на ваков баланс може да изгледа невозможно, но не е така.

„Нешто такво веќе се случи и треба да се случи, но само доколку земјите воспостават контрола врз ширењето на инфекцијата“, рече Гебрејсус и додаде дека колку повеќе државите имаат контрола над вирусот, толку повеќе можат да ги ублажат ограничувањата.