Достапни линкови

СЗО ќе прави одбор за Меѓународниот здравствен правилник


Директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.

Светската здравствена организација ќе формира одбор за разгледување, кој ќе го оценува ефектот на Меѓународниот здравствен правилник за време на пандемијата на коронавирусот, соопшти генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.

Тедрос тоа им го кажал на дипломатите во Женева, неколку часа пред закажаната прес-конференција.

„Одборот ќе даде технички препораки за функционирањето на Меѓународниот здравствен правилник, како и за можните измени“, рече Тедрос и додаде дека првиот состанок на одборот за ревизија ќе се одржи на 8 и 9 септември.

XS
SM
MD
LG