Нема запознавање, соработка веднаш, бара СКМ од Владата

Архивска фотографија - Бранко Азески, претседател на Стопанска комора на Северна Македонија

Веднаш, без протоколи и административни лаваринти, да продолжи соработката со новиот владин кабинет за да се утврдат приоритетите во економијата кои одговараат на реалноста, бара Стопанската комора на Македонија, чија делегација денеска ќе се сретне со претставници на новата Влада.

„Старо-новиот премиер веќе има искуство на таа значајна функција и докажа дека знае да креира стратешки решенија за големи и за тешки прашања на политички план, па сигурни сме дека сега економијата ќе го добие централното место. Составот на новата Влада во економските сектори има решенија кои нам ни се добро познати и со кои во минатото сме соработувале. Ова значи дека нема потреба од запознавање – соработката може да продолжи веднаш“, се вели во соопштението од Комората.

Бизнис заедницата посочува дека економската и здравствената криза ги намалила таргетите и оти потребен е зголемен степен на координација на активностите на Владата и приватниот сектор и имплементација на решенија со кои би се задржале работните места и би се одржувала економијата во живот, а притоа да се води грижа за здравјето на граѓаните.