Во Африка веќе нема детска парализа

вакцинирање против детска парализа

Светската здравствена организација официјално соопшти дека детската парализа е искоренета во Африка затоа што, благодарение на масовната вакцинација на децата веќе четири последователни години, нема пријавени случаи. „Денес членовите на Комисијата за сертификација за африканскиот регион изјавувија дека преносот на вирусот на детска парализа е запрен во Африка“, рече претседателот на Комисијата, д-р Роуз Леке. Директорот на Светската здравствена организација за Африка, Машидисо Моети изјави дека ова е историски момент за тој континент и дека од сега нема потреба за стравување од инфекција со детска парализа. Нема лек за оваа болест, но вакцината против детска парализа штити цел живот.

Талибанците се противат на вакцинирањето против полио во Пакистан

Детската парализа или полио е заразна болест која главно ги погодува децата на возраст под пет години, ја напаѓа коскената срцевина и може да предизвика неповратна парализа и смрт кога влијае врз мускулите на градниот кош. Пред дваесет и пет години, илјадници деца во Африка биле заразени со полиовирус што ја предизвикува оваа заразна болест.