Пронајдени 55 мигранти во околина на Струмица

Мигранти. Илустрација.

МВР соопшти денеска дека 55 мигранти биле пронајдени утринава на локалниот пат кој води кон селото Триводи, кое се наоѓа во околината на Струмица.

Десет мигранти откриени во камион на царинскиот терминал во Тетово

Мигрантите, како што наведуваат од МВР, се превезувале со товарно возило „ивеко“ без регистрарски таблички. Возачот откако ги забележал полициските службеници, побегнал заедно со мигрантите, но по претресот на теренот тие се пронајдени. За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.