Американски војник обвинет за шпионажа за Русија

Припадници на армијата на САД. Илустрација.

Американското обвинителство покрена обвинение против поранешен припадник на армијата и на специјалните сили „Зелени беретки“, Питер Рафаел Зибински Дебинс за шпионирање за Русија од 1996 до 2011 година. Обвинителството соопшти дека 45 годишниот Дебинс кој живее во западна Вирџинија, периодично ја посетувал Русија и се среќавал со руски разузнавачи.

Според обвинителството, наводно во 1997 година му било доделено кодно име од страна на руските разузнавачи и потпишал изјава во која наведува дека сака да и служи на Русија.

„Кога членовите на армијата се колебаат за да им дадат класифицирани информации на нашите странски противници, тие ги изневеруваат заклетвите што ги положија за својата земја и нивните членови на службата“, изјави Захари Тервилигер, американски правобранител за источниот округ на Вирџинија.

Екс службеник на ЦИА уапсен за шпионажа во корист на Кина

Случајот против Дебинс е втор по ред кој го објави Министерството за правда на САД за пренесување американски тајни на странски противници. На 17 август министерството соопшти дека поранешен офицер на Централната разузнавачка агенција (ЦИА) бил уапсен во САД и обвинет за шпионажа за Кина.