Достапни линкови

Екс службеник на ЦИА уапсен за шпионажа во корист на Кина


Централната разузнавачка агенција (ЦИА)

Поранешен офицер на Централната разузнавачка агенција (ЦИА) е уапсен во САД и е обвинет за шпионажа за Кина, соопшти Министерството за правда на САД, на 17 август. Александар Јук Чинг Ма (67) се соочува со максимална казна доживотен затвор ако биде осуден под обвинение за заговор со роднина, исто така поранешен офицер на ЦИА, односно за давање класифицирани информации за национална одбрана на кинеските разузнавачки службеници, се вели во соопштението на Министерството за правда. Ма треба да се појави денеска во американскиот окружен суд на Хаваи.

Тајната служба на САД предупредува на мешање на Кина, Русија и Иран во изборите

Ма, натурализиран американски државјанин роден во Хонг Конг, започна да работи за ЦИА во 1982 година. Обвинителите соопштија дека Ма ја напушти ЦИА во 1989 година и живееше и работеше во Шангај, Кина, пред да пристигне на Хаваите во 2001 година. Наводните злосторства започнале истата година кога Ма и неговиот роднина доставувале информации до разузнавачката служба на Кина за персоналот на ЦИА, операциите и методите за прикривање на комуникациите, соопшти Министерството за правда.

XS
SM
MD
LG