Столтенберг и Трамп: внимателно следиме што се случува во Белорусија

Јенс Столтенберг и Доналд Трамп

НАТО внимателно ги следи настаните во Белорусија и е подготвен да ги заштити своите сојузници, изјави денеска Генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг. Тој додаде дека НАТО не претставува закана за Белорусија и не распоредува трупи во регионот.

„Остануваме внимателни, строго дефанзивни и подготвени да возвратиме на секоја агресија против НАТО сојузниците“, истакна Столтенберг.

Претходно, американскиот претседател Доналд Трамп исто така изјави дека САД внимателно ги следат случувањата во Белорусија, додавајќи оти ситуацијата во таа земја е ужасна.

Во Белорусија од 9 август, кога се одржаа претседателските избори, секојдневно има протести на кои се повредени стотици луѓе од кои 120 полицајци, а еден демонстрант загина. Првите денови од протестите приведени се 6.700 лица.