Достапни линкови

Русија подготвена да му помогне на Лукашенко


Владимир Путин и Александар Лукашенко

Кремљ соопшти дека рускиот претседател Владимир Путин му кажал на белорускиот претседател Александар Лукашенко дека Русија е подготвена да и помогне на Белорусија во согласност со колективниот воен пакт доколку е потребно. Во соопштението исто така се вели дека врз Белорусија се врши притисок од надвор, но без да се наведува на кого се мисли. Двајцата претседатели зборуваа вчера. Претходниот разговор беше во саботата. Белорусија е зафатена со улични протести, откако демонстрантите го обвинија Лукашенко за местење на претседателски избори на 9 август.

Лукашенко-соседните земји и наредуваат на Белорусија да одржи нови избори

Околу 7.000 луѓе се приведени од полицијата низ Белорусија во пост-изборните судири во кои имало и стотици повредени, а најмалку двајца биле убиени, бидејќи полицијата употребила гумени куршуми, зашеметувачки гранати и, барем во еден случај, боева муниција. Стотици уапсени, а потоа ослободени зборуваа за бруталните тепања што ги претрпеа во притвор. Илјадници други остануваат во притвор додека се зголемуваат меѓународните критики.

XS
SM
MD
LG