Протести на рускиот далечен исток

Протести во рускиот град Хабаровск за ослободување на гувернерот Сергеј Фугал

Илјадници демонстранти излегоа на улиците на Хабаровск, град на рускиот далечен исток каде што речиси еден месец се одржуваат протести против улогата на рускиот претседател Владимир Путин во регионалните политички кризи.

Некои од демонстрантите додека денеска маршираа низ улиците на градот извикуваа „Да живее Белорусија“ со што дадоа поддршка на протестите против гласањето и изборните резултати во таа земја. Протестите во Белорусија почнаа по контроверзните избори на 9 август на кои победи Александар Лукашенко кој е на чело на државата 26 години.

Протестите во Хабаровски пак почнаа откако централните руски власти го уапсија локалните гувернер Сергеј Фургал и го однесоа во притвор во Москва. Тие бараат негово итно ослободување.