Министерство за здравство: Широкото тестирање дава резултати

Илустрација

Институтот за јавно здравје денеска по подолг период регистрира намален број на активни случаи, односно 2950.

„Последен пат под 3.000 активни случаи се регистрирани на 23 јуни оваа година. Поголемиот број на оздравени лица во споредба со новозаболените придонесува за намалување на бројот на активни случаи во континуитет во последниот период“, велат од Министерството за здравство.

Министерството наведува и дека денеска е регистриран и рекорден број на направени тестови-2172, со што вкупната бројка на тестови во нашата земја достигна 123 122.

„Граѓаните се повеќе се придржуваат до препораките на здравствените власти за спречување на ширење на коронавирусот, а пристапот на широко тестирање дава резултати во откривањето на асимптоматските случаи“, велат од Министерството за здравство.

Нови 160 случаи на коронавирус, починати 3 пациенти

Во последните 24 часа се регистрирани 160 нови случаи со Ковид-19. Најмногу нови случаи има во Скопје-38, потоа 20 во Тетово и 19 во Куманово. Починати се тројца пациенти во болнички услови, од кои двајца се од Скопје на 60 годишна и и 72 годишшна возраст и една 53 годишна пациентка од Гостивар. Институтот за јавно здравје регистрира 368 оздравени пациенти.