Достапни линкови

Нови 160 случаи на коронавирус, починати 3 пациенти


Луѓе со заштитни маски поради Ковид-19 на Камени мост во Скопје

Во последните 24 часа се направени 2.172 тестирања, а регистрирани се 160 нови случаи со ковид-19. Најмногу нови случаи има во Скопје- 38, потоа 20 во Тетово и 19 во Куманово. Починати се тројца пациенти во болнички услови, од кои двајца се од Скопје на 60 годишна и и 72 годишшна возраст и една 53 годишна пациентка од Гостивар. Институтот за јавно здравје регистрира 368 оздравени пациенти.

СЗО: не можете да се заразите со коронавирус од допир на храна

Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 12.515, бројката на оздравени пациенти е 9.030, на починати е 535, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.950.

XS
SM
MD
LG