Утре продолжува конститутивната седница

Претседателот на Собранието, Талат Џафери

Претседавачот и поранешен собраниски спикер Талат Џафери, попладнево дал налог на собраниските служби да бидат подготвени утре да продолжи конститутивната седница која почна на 4ти август. Тој за ова ги известил сите парламентарни партии, а седницата треба да заврши со избор на нов претседател на Собранието.

Поранешниот претседател на Собранието се решил на ваков чекор откако шефот на државата Стево Пендаровски најави дека утре попладне ќе му го врачи мандатот за составување на нова Влада на лидерот на СДСМ Зоран Заев.

„Овој потег на Пендаровски за мене беше сигнал дека е обезбедено потребно владеачко мнозинство, бидејќи мандат според Уставот се дава на партијата односно партиите што имаат обезбедено мнозинство во Парламентот. Ако има вакво мнозинство ќе има мнозинство и за избор на претседатеел на Собранието“, изјави Џафери за медиумите.