Продолжуваат протестите во Белорусија

Минск, 11.08.2020.

Во Белорусија продолжија пост-изборните протести, и покрај тоа што кандидатката за претседател Свјатлана Циханускаја замина за Литванија и проширената владина акција против опозицијата. Полицијта и безбедносните сили користеа солзавец, гумени куршуми и зашеметувачки гранати за да ги растераат демонстрантите во главниот град Минск. Притоа биле приведени повеќе демонстранти.

Москва претпазливо ги следи настаните во Белорусија и чека

Надлежните органи, како што јавува Белорускиот сервис на Радио Слободна Европа, спроведувале де факто полициски час, приведувале лица кои шетаат по улиците, стопирале автомобили и го ограничувале јавниот превоз. Демонстрации и судири со полицијата беа пријавени и во неколку градови низ Белорусија. Протестите биле помали од претходните ноќи кога десетици илјади луѓе и покрај строгите мерки излегоа на улиците за да го искажат револтот поради резултатите од, како што вели опозицијата, лажните избори на 9 август, со кои се продолжува 26-годишното владеење на претседателот Александар Лукашенко.

Циханускаја во Литванија

Набљудувачите велат дека помалиот бројдемонстранти на улица може да ја одразува децентрализираната природа на протестите, дел од стратегијата на дејствување на повеќе локации во главниот град. Интернет услугите се намалени, лишувајќи ги демонстрантите од информации за тоа каде да се соберат.