САД ја обвинија Русија за сложена онлајн операција за дезинформирање и пропаганда

илустрација

Соединетите држави ја обвинија Русија за развој на софистициран „екосистем“ за ширење на дезинформации и пропаганда околу коронавирусот и други прашања. Во новиот извештај објавен на 5 август, Стејт департментот наведува дека руските онлајн операции користат „пет главни столба“ за да ги засилат лажните наративи и теориите на заговор во обид да се внесе збунетост и страв. „Русија игра значајна улога во креирањето и ширењето на дезинформации и пропаганда околу многу теми“, изјави Леа Габриел, шеф на Глобалниот центар за ангажирање на Стејт департментот.

Столтенберг бара единство на НАТО наспроти предизвиците од Русија и Кина

Извештајот главно се фокусира врз неодамнешните напори на Кремљ за ширење дезинформации за пандемијата на коронавирус со помош на засилување на мрежата на дезинформации. „Екосистемот се состои од пет главни столба: службени владини комуникации, глобални пораки финансирани од државата, култивирање прокси извори, искористување на социјалните медиуми и сајбер дезинформации“, се вели во извештајот, во кој се додава дека „Кремљ има директна одговорност за одгледување на овие тактики и платформи како дел од неговиот пристап кон користење на информации како оружје“, се вели во извештајот.