Достапни линкови

Столтенберг бара единство на НАТО наспроти предизвиците од Русија и Кина


Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска рече дека алијансата во која има 30 земји членки мора да остане цврста воено, да биде политички пообединета и глобално да има поширок пристап за да продолжи да ги штити демократиите во конкурентниот свет.

Во говорот посветен на визијата за НАТО за 2030 година, Столтенберг денеска побара од сојузниците да продолжат да инвестираат во своите вооружени сили, да ја користат алијансата како форум за дискусија и кога е неопходно да делуваат за прашањата кои се однесуваат на заедничката безбедност, да работат заедно и блиску со земјите партнери како Австралија, Јапонија, Нов Зеланд и Јужна Кореја.

Столтенберг рече и дека Русија продолжува непречено со своите воени активности додека Исламска држава и други терористички групи се охрабрени, а државни и недржавни актери промовираат дезинформации и пропаганда. Тој рече и дека подемот на Кина предизвика фундаментално поместување на балансот на моќта глобално и ја подгрева трката за економска и технолошка надмоќ со што се зголемува заканата за општествата и за личните слободи.

Препорачано

XS
SM
MD
LG