Нови 88 случаи на Ковид-19 и шестмина починати

Илустрација

Во последните 24 часа се направени 1507 тестирања, а регистрирани се 88 нови случаи на ковид-19, шестмина починати и 113 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство.

Новозаразените се регистрирани во Скопје 23, Куманово 8, Дебар 2, Штип 10, Прилеп 3, Тетово 2, Струга 11, Велес 2, Битола 3, Охрид 8, Кавадарци 1, Гостивар 4, Струмица 1, Македонски Брод 4, Виница 2, Свети Николе 2 и во Кичево 2.

Починати се 6 лица, две пациентки од Скопје , и по еден пациент од Куманово, Гостивар, Тетово и од Штип. Денеска Институтот за јавно здравје регистрирал и 113 оздравени пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 108384 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11289, бројката на оздравени пациенти е 7221, на починати е 511, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3557.