Конституиран новиот Парламент на Србија

Полагање на заклетва на пратениците во новиот српски Парламент.

Со полагање на заклетва на пратениците денеска во Белград е конституиран новиот српски Парламент. Со седницата претседаваше најстарата пратеничка Смилја Тишма која претходно констатираше дека комисијата за верификација направила извештај за спроведените избори и дека се исполнети условите за потврдување на мандатите на сите пратеници.Заседанието се одржа со мерки за заштита од епидемијата на коронавирус.

Од конституирањето на новото свикување на Собранието започна рокот од 90 дена за формирање на новата српска Влада, која според српскиот претседател Александар Вучиќ, треба да биде формирана до крајот на овој месец.

Kонститутивна седница на Собранието на Србија

На изборите на 21 јуни, листата „Александар Вучиќ - За нашите деца“ освои најмногу, 188 места. Припадници на опозициското движење Доста фрлаа јајца и домати во зградата пред Домот на Народното собрание на Србија, кога ги видоа пратениците како излегуваат од него.