Достапни линкови

Kонститутивна седница на Собранието на Србија


Парламентот на Србија, Белград

Конститутивната седница на новиот српски парламент по парламентарните избори на 21 јуни 2020 година, ќе се одржи денеска, ден пред истекот на рокот за верификација на мандатот. Претседателката на парламентот Маја Гојковиќ ја свика првата седница на Народното собрание на 3 август, бидејќи крајниот рок за верификација на мандатот е најмногу 30 дена од објавувањето на резултатите од изборите. На агендата на денешната седница ќе бидат опфатени пет точки, потврда за мандатот на пратениците, избор на претседател, потпретседател и генерален секретар на собранието, како и избор на членови на парламентарните работни тела.

Истрага во српски медиуми и групи за човекови права за финансирање тероризам

Од конституирањето на новото свикување на Собранието започнува рокот од 90 дена за формирање на новата Влада. На изборите на 21 јуни, листата „Александар Вучиќ - За нашите деца“ освои најмногу, 188 места. Опозициското движење Доста беше најави блокада на конститутивната седница на српскиот парламент со почеток во 9 часот. Целта на ненасилната блокада е со своето присуство да ги блокираме фалсификуваните пратеници да конституираат фалсификувано собрание во Домот на народното собрание, се наведува во соопштението.

XS
SM
MD
LG