Пронајдени 10 мигранти “ на патот Слупчане-Ваксинце

Транзитниот центар за мигранти во Табановце во близина на македонско-српската граница.

Десет мигранти биле пронајдени синоќа, неколку минути пред полноќ, на локалниот пат село Слупчане-село Ваксинце, соопшти Министерството за внатрешни работи(МВР). Полицијата соопшти дека мигрантите од Пакистан, Сирија и БАнгладеш биле пронајдени во патничко моторно возило „рено лагуна“ со скопски регистарски ознаки. Како што денеска информираат од МВР полицијата се обидела да го запре патничкото моторно возило „рено лагуна“, кое не застанало, а потоа пред влез на село Ваксинце, кај селските гробишта било пронајдено возилото, при што возачот го напуштил местото на настанот, а во возилото биле пронајдени мигрантите.

Мигрантите се сместени во Транзитен центар Табановце за понатамошна постапка и се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштија од МВР